Ролат со ајвар

Од:

Потребно е:
за кората:
200 мл минерална газирана вода
8 лажици брашно
2 лажичиња прашок за пециво
4 лажици ајвар
1/2 лажиче сол

за филот:
мајонез
кашкавал
2-3 кисели краставички

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги сите состојки за кората и измешајте ги со лажица да се спојат сите состојки.

– Смесата сипете ја во правоаголна тава од рерна обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 15-20 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печена кората.

– Печената кора извадете ја од тавата и заедно со хартијата завиткајте ја како ролат во влажна крпа.

– По 6-7 минути одвиткајте ја, внимателно извадете ја хартијата и премачкајте ја со мајонез. Потоа над мајонезот изрендајте ги кашкавалот и киселите краставички. Повторно завиткајте ја кората како ролат.

– Готовиот ролат одозгора премачкајте го со мајонез и посипете со изрендан кашкавал.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска