Потребно е:
8 пиперки бабури
200 гр печурки буковка
500 гр пченица
3 чешниња лук
100 гр домати
300 гр праз
1/2 лажиче мелена црвена пиперка
босилек
Подготовка:
– Ситно исецкајте ги празот и буковките, а доматите исецкајте ги на коцки.
– Сварете ја пченицата и сомелете ја.
– На малку водичка издинстајте го сецканиот лук и додадате ја мелената црвена пиперка.
– Во ова додадете ја сомелената пченица, малку босилек и зачини по вкус. Со оваа смеса наполнете ги пиперките.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење, покријте ги со фолија и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 30-ина минути.