Јилдерим: Турција ќе ја продолжи борбата против ПКК на своја територија

Од:

Турција ќе ја продолжи борбата со Курдската работничка партија (ПКК) на своја територија, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдерим, кој се наоѓа во посета на Ирачки Курдистан, пренесе ТАСС.

-Ќе биде направено се што е неопходно за да завршиме со ПКК. Не гледаме разлика меѓу организации како Исламска држава, ПКК и терористичката организација ФЕТО на Фетула Ѓулен. Сите тие создаваат проблеми не само во Турција, туку и во Ирак. Турција, Ирак и Ирачки Курдистан имаат една заедничка цел – да ги уништат терористичките групи, рече Јилдерим на заедничката прес конференција со лидерот на автономната област, Масуд Барзани, во Ербил.

Претходно Јилдерим зборуваше за подготвеноста на раководството на Ирачки Курдистан да помогне во повлекување на единиците на ПКК од регионот Синџар во северен Ирак.

-Владата на Ирачки Курдистан е подготвена да содејствува за повлекување на единиците на ПКК од Синџар, рече Јилдерим.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади од своја страна подвлече дека безбедноста во регионот ќе се чува со заеднички сили, во чиј состав ќе влезат ирачката армија и курдските вооружени формации пешмерга.

-Федералната Влада на Ирак и раководството на Ирачки Курдистан постигнаа соодветен договор за тоа, подвлече ирачкиот премиер.

Анкара посветува големо внимание на регионот Синџар во северен Ирак бидејќи стравува дека тој може да западне под контрола на Курдската работничка партија (ПКК).

Претходно турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара не може да дозволи ПКК да го претвори Синџар во „нов Кандил“.

Во планината Кандил, во северен Ирак, со децении има бази и кампови на ПКК.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски