Најстариот чист бисер во човековата историја, пронајден е на неолитските гробишта во Соединетите Арапски Емирати.
Француските археолози, кои го пронајдоа, велат дека е стар 7. 500 години.
Бисерот настанал околу 5.500-та година пред Христос, и неговата старост е утврдена со помош на јаглерод 14.
Ова откритите, упатува на сознанието дека во овој дел на светот се организирал лов на бисери,поради естетската вредност на бисерот но и поради обредни обичаи при погребите.