ВМРО-ДПМНЕ: Куманово пример за способноста на СДСМ да се справи со загадувањето

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение од СДСМ оцени дека таа партија ја покажала способноста за искрено справување со проблемот со загадување во Куманово, каде 12 години е на власт, а која, како што посочува, е најзагадена општина во Македонија и Европа и со 50 проценти повеќе од кој било друг град во државава.

– СДСМ и соросовите платеници од таканаречените невладини организации за овој случај молчат, но нивното лицемерие е гласно. Се покажаа како целосна лага и виртуелни ветувања, проектите за наводна гасификација на Куманово, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Куманово е најзагадениот град поради сообраќајниот хаос и непланската и дива урбанизација, градот е претворен во депонија и не е реализирана ветената гасификација.

– Владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во идниот период ќе ги реализира проектите кои што ги изгласаа граѓаните, а кои ќе придонесат за поздрава животна средина, истакнува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.

Додава дека проектите како субвенционирање греење на пелети, субвенционирање на набавка на елиектрични возила и набавка на електрични автобуси, воспоставување на реална гасификација на цела Македонија, а не виртуелна каква што Заев и СДСМ ветувале ќе придонесат за подобрување на квалитетот на воздухот во урбаните средини и подобрување на животната средина, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски