Дамјановски во посета на Табановце и Сопот

Од:

Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски денеска изврши увид во работите за асфалтирање на една од главните улици во селото Табановце што се реализира преку проектот на УНДП и локалната самоуправа.

– Улицата е во должина од 1.400 метри со дебелина на асфалтот од седум сантиметри и е мошне значајна, бидејќи го спојува Табановце со Сланиште и обезбедува комуникација со транзитно-прифатниот центар во Табановце, изјави Дамјановски.

Тој нагласи дека средствата за негова реализација во вредност од околу 8,5 милиони денари се обезбедени од УНДП. Деновиве, најави Дамјановски, патот целосно ќе биде завршен со поставување банкини.

Дамјановски информира дека е извршена и промена на вентили на водоводната мрежа со што ќе се реши еден од главните проблеми на жителите на Табановце, губитокот на вода, поради, како што рече, незначителната издашност на вода на бунарите.

Дамјановски денеска беше во работна посета и на село Сопот, каде привршува изградбата на потпорниот ѕид и оградата на училиштето со средства обезбедени од УНДП.

– Ова погранично село беше зафатено од бегласката криза и УНДП влезе во инвестиција како барање на месната заедница. Со овој проект се зголемува безбедноста на учениците од ова село, изјави Дамјановски.

Локалната самоуправа инвестираше во нови санитарни јазли во училиштето. За оградата инвестицијата е два милиони денари, а септичката јама и санитарните јазли чинат околу 15.000 долари.

Во рамките на проектот, УНДП претходно донираше механизација за јавните претпријатија во градот како поддршка во справувањето со мигрантско-бегалската криза и одржување на транзитниот центар лоциран во близина на селото Табановце.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски