Њоки Капресе

Од:

Потребно е:
500 гр свежи њоки
3 лажици маслиново масло
1 главица кромид
1-2 чешниња лук
2 зрели домати
200 мл пасирани домати
листови свеж босилек
50 гр моцарела сирење
сол и бибер

Подготовка:
– Њоките сварете ги според упатството на пакувањето.

– На маслиново масло испржете го ситно сецканиот кромид, потоа додадете го ситно сецканиот луки кратко пржете само да замириса.

– Додадете ги сецканите на коцки домати и динстајте околу 5 минути додека да омекнат малку. Потоа додадете ги пасираните домати и динстајте уште 10 минути.

– На крај додадете ги сварените њоки, сецканите листови босилек, сецканото моцарела сирење и зачинете по вкус со сол и бибер.

– Готовото јадење префрлете го во помал огноотпорен сад и ставете го во загреана рерана на 200 целзиусови степени да се запече 10-15 минути, односно додека не се растопи сирењето.

– Послужете го топло, посипано со свеж босилек и рендан пармезан.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска