Машко првото бебе во Куманово во 2017

Од:

Првото родено бебе во Новата 2017 година во Куманово е машко. Тоа е трето дете на семејството Арифови од Куманово. Родено е во 8.15 часот со хируршка интеревенција- царски рез. Бебето е тешко 4 килограми и 500 грама.

– И мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба, информираше докторот Даниел Милковски од Гинеколошко-акушерското одделение од Општата болница-Куманово.

Мајката Сафије Арифова, која има 31-година, изјави дека дома ги очекуваат сопругот, постарото братче и сестриче.

Првото новороденче денеска го посетија и претставници на локалната власт.

– Како подарок оваа година се одлучивме за просечна плата на штедна книшка. Честитки до семејството, се надеваме дека оваа година ќе има повеќе деца во Куманово, изјави градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски.

И директорот на Кумановската општа болница Ариф Латифи донесе пригодни подароци за мајката и новороденчето.

Изминатата 2016-та година во кумановската болница се родени 1.400 бебиња.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување