Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не прифаќаат амандмани ни за своите општини

Од:

Во Собранието продолжува маратонската амандманската расправа за тежината и начинот на трошење на државната каса во 2013-та година.

Власта досега не прифати ниту еден од амандманите на опозицијата, без никакво објаснување на министерот за финансии.

За амандманите за подобрување на состојбата во одделни региони, не гласаат ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. За нив сите амандмани се за политички поени на опозицијата , а, власта имала веќе програм и идеи и намера да ја подобри состојбата во тие места.

Иако Радмила Шеќеринска на Владанка Авировиќ и понуди да ја проба водата која ја пијат кратовчани, а не „Ладна вода“, со која империјата на Ѕинго си ги полни џебовите, Авирович, која доаѓа од Социјалистичката партија на Ѕинго, упорно тврдеше дека водата е добра за пиење.

Не поминаа ниту убедувањата на струмичките пратеници дека во некоиу села е неопходно да се дадат пари од буџетот, наместо државата да се луксузира.

Вината за состојбата Ставревски ја префрли на локалната самоуправа.

Илија Китановски не го подржа ниту амандма  за водата во Кичево, градот, од каде тој доаѓа, бидејќи рече, ВМРО-ДПМНЕ знае што е најдобро за Кичево, за разлика од СДСМ.

И денеска во Комисијата за труд и социјална политика ќе се дебатира по амандманите на Законот за бранители, а на пленарна седница за измените во  Законот за пензиското и инвалидското осигурување, з а Законот за социјалната заштита, за Законот за работните односи, за Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, но и за предлозите на опозицијата за подобрување на одредбите во  Изборниот законик и на Кривичниот законик.

Н

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година