Претседателот Иванов на регионален претседателски самит во Будва

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе учествува на 4. Регионален претседателски самит во Будва на тема „Соработка кон напредок – предизвици и одговори“.

Целта на овој традиционален собир, чиј домаќин е претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, е одржување на политичкиот дијалог на највисоко ниво меѓу соседните земји во рамки на зедничката евроатлантска перспектива.

ЕУ и НАТО интеграциите и теми кои треба да ги олеснат овие процеси: јакнење на демократските и реформските процеси, зголемена економска соработка и поттикнување на регионални инвестиции, инфраструктурно и енергетско поврзување, прекугранична соработка во борбата против криминалот итн., ќе бидат областите за дискусија на овој Самит.

На 4. Регионален претседателски самит најавено е присуство на претседателите на Република Албанија, Бамир Топи и на Република Косово, Атифете Јахјага.

Првата средба од ваков вид се одржа во Валона, Република Албанија во 2009 година, а втората во Призрен, Република Косово во 2010 година. Во 2011 година домаќин на Регионалната  лидерска средба беше претседателот Иванов, а средбата се одржа во Охрид.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on