Мека, вкусна и многу декоративна …
Потребно е:
1,2 кг брашно
1 коцка (40 гр) свеж квасец
250 гр сварена и испасирана тиква
100 мл масло
1 јајце
1 лажица шеќер
1 ванилин шеќер
3 лажичиња сол
150 мл млака вода за квасецот
350 мл млеко
за премачкување:
50 мл путер, на собна температура
1 јајце
за посипување:
сусам, ким, оригано – по желба
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги квасецот, 150 мл млака вода, 1 лажица брашно и 1 лажиче шеќер и убаво разматете го квасецот. Ставете го садот на топло место и оставете го да стаса.
– Во подлабок сад ставете го брашното, солта, шеќерот, јајцете, испасираната тиква. маслото, стасаниот квасец и ванилиниот шеќер. Полека додавајте го млекото и со раце замесете тесто. Тестото треба да биде меко и еластично и да не се лепи на рацете и работната површина. Тестото покријте го со крпа и оставете го да одмори 15-20 минути.
– Ставете го тестото на набрашнета работна површина и поделете го на два дела. Едниот дел повторно поделете го на два.
– Калап со дијаметар 26-28 см премачкајте го со путер.
– Од првиот, поголемиот дел тесто формирајте топка, а потоа со сукало малку истенчете ја, но не повеќе од 23-24 см. Кругот поставете го на средината на калапот.
– Горниот дел на погачата формирајте го од двете помали топки тесто. Ос секоја топка формирајте корасо дијаметар од околу 25 см. Првата премачкајте ја со омекнатиот путер и над неа ставете ја втората кора. Со остар нож исечете ја кората на 4 страни (како крст) така што почнете од средината формирајќи на средината правоаголник (види слика).
– Сега малку подигнете ги првите две ленти (од средината кон краевите). Втората лента провлечете ја под првата и малку повлечете ја. Третата провлечете ја под втората која ја држите со рака. Сега фатете ја третата и под неја провлечете ја четвртата и така до крајот на кругот. Истата постапка повторете ја со лентите на сите 4 страни (види слика).
– Кога ќе завршите со плетењето на втората кора, ставете ја над првата во калапот и со прсти притиснете да се соединат (притискајте само на оние делови каде немате плетенки). погачата покријте ја со крпа и оставете ја да нарасне околу 30 минути.
– Погачата премачкајте ја со разматено јајце и посипете со сусам или по желба. Преостанатиот путер нанесете го на површината на погачата.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10 минути и уште 20 минути на 180 степени.
– Топлата погача премачкајте ја со мала коцка путер.