Колач со џем и ореви (посно)

Од:

Да се облажите со еден вкусен посен колач …

Потребно е:
6 лажици џем по желба
10 лажици шеќер
1 кесичка цимет во прав
изрендана кора од 1 лимон
сок од 1 портокал
1 портокал
1 лажица прашок за пециво
500 гр брашно
1/4 л млака вода
1 шака сецкани ореви
2 шаки суво грозје
3-4 лажици џем од кајсии
150 гр посно чоколадо за готвење

Подготовка:
– Со миксер изматете ги џемот и шеќерот да добиете глатка смеса.

– Во смесата додадете малку вода, цимет, изрендана кора д лимон, сок од портокал, оревите и сувото грозје. Полека со мешање додадете го и брашното измешано со прашокот за пециво.

– Со миксер убаво изматете ја смесата и сипете ја во тава обложена со хартија за печење.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 25-30 минути.

– Додека уште е врел колачот премачкајте го со 3-4 лажици џем од кајсии и на крај прелијте го со растопено чоколадо.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска