Похувани солени палачинки

Од:

Фини солени палачинки, едноставни за подготовка …

Потребно е:
за палачинките:
1 јајце
6 лажици брашно
1/2 лажиче шеќер
1 лажиче сол
1/2 кесичка прашок за пециво
млеко, колку ќе треба да замесите средно густо тесто

за филот:
200 гр шунка
тенко исечен топлив кашкавал
конзервирани шампињони, исечени на листови
малку оригано

за похување:
1 јајце
малку млеко
малку сол
брашно
лебни трошки

Подготовка:
– Измешајте ги сите состојки за палачинките и испечете ги.

– Измијте ги убаво печурките и оставете да се исцедат.

– Кога ќе се изладат палачинките на секоја ставете 1 парче шунка, 1,5 парче кашкавал, малку исцедени шампињони и прстофат оригано. Замотајте ги палачинките и од страните затворете ги со чепкалки за заби или пак краевите завртете ги навнатре.

– Така подготвените палачинки увалкајте ги прво во брашно, па во изматеното јајце со малку млеко и сол и на крај во лебните трошки.

– Пржете ги во врело масло, кратко, додека да добијат боја и кашкавалот да се растопи.

– Печените палачинки ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија и послужете ги.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска