Полска откупи приватна колекција од слики за „багателна“ цена

Од:

Полската Влада ја откупи целата светски позната уметничка колекција „Чарторски“, во која се наоѓа и ретка слика на Леонардо да Винчи, за цена која е далеку под нејзината вистинска пазарна вредност.

За позната колекција „Чарторски“, владата на Полска платила 100 милиони, иако таа е проценета на две милијарди евра.

Во колекцијата се наоѓа сликата „Дамата со хермелин“ на Да Винчи, како и слики на Рембрант и Реноар.

Колекцијата „Чарторски“ се состои од околу 80.000 слики, уметнечки дела и предмети, како и околу 250.000 ракописи и книги, кои во најголемиот дел се сместени во Националната галерија во Краков.

Сите сега тие се во сопственост на полската држава.

Претставник на семејството Чарторски, кое досега ја поседуваше колекцијата, изјави дека откупот, практично е „донација“ за државата, но челновите на Управниот одбор на Фондацијата „Чарторски“, која управуваше со колекцијата, поднесоа демонстративна оставка поради решението на семејството.

Членовите на Одборот на Фондацијата се незадоволни што воопшто не биле консултирани, како и затоа што стравуваат дека во иднина вредната и богата колекција би можела да биде оставена и користена за разни манипулации.

Адам Чарторски, кој преговарал со полскиот министер за култура околу откупот на колекцијата, е потомок на принцезата Изабела Чарторски, која во 1802 година ја создала колекцијата.

Полската владејачка партија Право и правдата, која на Западот се третира како националистичка и евроскептична, заговара национализација на значајните бизниси и културни вредности, нарекувајќи ги дел од „полската гордост“.

Сликата „Дама со хермелин“ потекнува од 1490 година и е една од четирите портрети на жени што ги има изработено прославениот ренесенасен сликар Леонардо да Винчи. На неа е прикажана Сесилија Галерни, дама од миланскиот двор и љубовница на Лудовико Сфорца, војводата од Милано.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска