Тегли со чист планински воздух се делеа во Скопје

Од:

Во рамки на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и делеа тегли со чист планински воздух на случајните минувачи на плоштад Македонија, со цел да ја подигнат свесноста за загадувањето на воздухот во Скопје.

На акцијата, што се реализираше синоќа, им се приклучија и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и организацијата Go Green – Биди зелен.

Проблемот со загадениот воздух во Скопје беше еден од најпријавуваните од страна на граѓаните на мапата на веб-страната www.mrdnisoprst.mk, која во последниов месец прими повеќе од стотина пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја, се наведува во соопштението од „Мрдни со прст“.

Некои од проблемите кои биле пријавувани од страна на граѓаните се поддржани во рамки на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции кои се реализираа во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локалните граѓански иницијативни во градовите низ земјава. Така, во рамките на кампањата, во Скопје беше успешно организирана акција за чистење на отпадоците околу Скопскиот Аквадукт, во Струга беа поставени рачно нацртани корпи за отпадоци во Паркот на поезијата, а во Охрид имаше улична театарска акција преку која младите побараа да има повеќе културни настани.

– Се приклучив на акцијата за да придонесам во подигнувањето на свесноста на што повеќе граѓани за загадувањето на воздухот во Скопје. Плоштадот Македонија е вистинското место за оваа акција, бидејќи токму тука за новогодишните празници луѓето се понесени од новогодишната еуфорија, слават и купуваат подароци за своите најблиски, па на некој начин забораваат на општествените проблеми. Затоа ние сме тука да ги потсетиме, изјави еден од граѓаните кои доброволно се приклучија на акцијата.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или na Фејсбук страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза