Охрид вечерва е под снежна покривка, а снегот со променлив интензитет паѓа се уште. Охриѓани снегот го искористија да се прошетаат покрај езерото, и по стариот дел на градот каде погледот кон езерото и градот е прекрасен.
Екипите на Јавното претријатие Охридски комуналец работат на расчистување на снегот по охридската чаршија каде фрекфенцијата на луѓе е најголема. Во градот висината на снежната покривка е околу 5 сантиметри.
Охриѓани според најавите на метеоролозите очекуваат нови снежни врнежи наредните денови