Многу вкусна мексиканска пита со пилешко месо прелиена со сос од јајца и брашно …
Потребно е:
1 печено пиле
1 чаша (од 250 мл) некој топлив кашкавал
2 сецкани зелени чили пиперчиња
3 лажици сецкан свеж магдонос
1/2 лажиче мелена чили пиперка
сол, по потреба
бибер
1 голема тортиља
за преливот:
1 чаша брашно
1 чаша млеко
2 јајца
1 лажиче прашок за пециво
сол, по потреба
бибер
1 чаша некој топлив кашкавал
Подготовка:
– Пилето исчистете го од коските, а потоа исецкајте го на мали парчиња.
– Во тоа додадете го ренданиот кашкавал, ситно сецканите зелени пиперчиња, сецканиот магдонос, мелената чили пиперка, сол и бибер. Убаво измешајте.
– Во округла намастена со масло тава ставете ја тортиљата.
– На тортиљата ставете ја смесата со пилешко месо и израмнете.
– Во друг сад измешајте ги брашното, млекото, јајцата, прашокот за пециво, сол и бибер. Смесата прелијте ја над филот од пилешко месо и со лажица на неколу места направете вдлабнувања за да се спојат двете смеси.
– Одозгора посипете со ренданиот кашкавал и ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени 25 минути.