Овошни коцки

Од:

Освежително и слатко …

Потребно е:
4 јајца
8 лажици масло
8 лажици млеко
8 лажици шеќер
6 лажици брашно
2 лажици какао во прав
1 прашок за пециво
3 кесички пудинг од ванила
6 лажици шеќер
2 лимона
500 мл слатка павлака
30 гр чоколадо
2 банани или друго овошје по желба

Подготовка:
– Изматете ги јајцата. Додадете ги сите состојки за кората и изматете.

– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени 13-15 минути.

– Лимонот убаво измијте го и исецете го на мали парчиња, со се кората. Додадете 8 лажици шеќер, ставете ги во блендер и ситно измелете ги.

– Иситнетиот лимон ставете го во сад на рингла и додадете 1 л вода. Ставете го да се вари. Кога ќе почне да врие додадете 3 разматени пудинга од ванила со 6 лажици шеќер и малу вода. Варете со постојано мешање додека да се згусне.

– Врелиот пудинг сипете го на испеченото тесто. Оставете да се излади. Декорирајте со шлаг и изрендано чоколадо.

– Оставете убаво да се излади, исечете го на коцки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска