Фино јадење без месо …
Потребно е:
4 меснати пиперки
200 гр кус-кус
1 лажица маслиново масло
3 чешниња лук
1 главица кромид
1 тиквичка
400 гр пченка шекерец (од конзерва)
сол, бибер
50 гр рендан пармезан
2 лажици сецкан свеж магдонос
Подготовка:
– Пиперките исечете ги на половина и отстранете им ги семките.
– Кус-кусот сварете го во солена вода според упатството на пакувањето. Исцедете го.
– На мслиново масло пропржете го ситно сецканиот кромид и кратко и сецканиот лук. Додадете ја тиквичката исецкана на коцки и пченката. Динстајте околу 2-3 минути додека да омекне зеленчукот. Зачинете со сол и бибер по вкус.
– Во еден сад ставете го исцедениот кус-кус, додадете го издинстаниот зеленчук и убаво измешајте.
– Тавата за печење премачкајте ја со брашно.
– Половинките пиперки наполнете ги со подготвената смеса и наредете ги во тавата. Сипете околу 100 мл вода. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.
– По 20 минути тргнете ја фолијата и пиперките посипете ги се рендан пармезан и вратете ја во рерна да се потпече околу 10 минути.
– Печените пиперки посипете ги со сецкан магдонос и сервирајте ги со сезонска салата или како прилог со месо или риба.