Хуманитарна изведба на „Евгениј Онегин“ во МОБ

Од:

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе се одржи хуманитарна изведба на оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски.

Средствата се наменети за Здружението на деца со оштетен вид, при Центарот за лица со оштетен вид за создавање  музичка аудиотека, од сите формати. Акцијата МОБ ќе ја насочи и за купување музички инструменти за лица со оштетен вид.

Цената на билетот за хуманитарната претстава изнесува 200 денари.

Со  претставата „Евгениј Онегин“ беа отворени овогодинашните Мајски оперски вечери.  Љубителите на оперската музика повторно ќе имаат можност да уживаат во оперското дело, чие што либрето се базира на познатата истоимена поема на А.С.Пушкин.

Диригент ќа биде Иван Еминовиќ, режијата е на Дејан Пројковски, сценограф, Валентин Светозарев, костимограф, Марија Пупучевска, а кореограф, Олга Панго.

Во претставата настапуваат:  Марика Поповиќ – Ларина, Сандра Митровска – Татјана,  Николина Јаневска – Олга,  Елена Тасевска – Филипјевна, Дарко Нешовски – Ленски,  Александар Малишко (Украина) – Евгениј Онегин,  Владимир Саздовски – Кнез Гремин,  Диме Петров – Капетан, и Борко Биџовски – Зарецки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет