Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека поседува докази за поддршката на терористичките групи во соседна Сирија, меѓу нив и на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (IS) од страна на меѓународната коалиција предводена од САД.
Како што кажа Ердоган, силите на коалицијата не ги исполнуваат своите обврски во однос на борбата против џихадистичката Исламска држава, којашто ја презема одговорноста за повеќе терористички напади на територијата на Турција, во текот на ова и минатата година, со повеќе десетици жртви.
-Тие не обвинуваа нас за поддршка на Исламската држава. Сега тие ги поддржуваат терористичките групи, меѓу нив и Исламска дражва. Ова е многу јасно. Поседуваме докази кои го потврдуваат тоа, поседуваме и фотографии и видеа“, изјави Ердоган во текот на прес-конференцијата во Анкара.
Турција ја смета најголемата курдска партија во Сирија, ПДШ за терористичка организација, која е поврзана со PKK. Групациите Единици за заштита на народот и Женските единици за одбрана, кои се хиерархиски потчинети на Демократскиот сојуз дејствуваат како засебни сили во сирискиот конфликт против исламистичките групации, особено против Исламската држава.
Пред извесно време и сирискиот претседател Башар ал-Асад ги обвини коалицијата и САД за поддршка на џихадистите. Според него, милитантите кои повторно ја зазедоа Палмира успеале повторно да дојдат до него по една година откако беа потисната „или со директна поддршка на Американците, или со нивно премолчено одобрување“.