САД го поддржуваат создавањето на две постојани места во Советот за безбедност на ОН за африканските земји и едно место кое ќе ротира меѓу малите островски држави во развој, објави денеска американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд.
Овој потег доаѓа кога САД се обидуваат да ги поправат врските со Африка, каде што многумина не се задоволни од поддршката на Вашингтон за израелската војна во Газа и ги продлабочуваат врските со островските држави на Тихиот Океан, важни за спротивставување на кинеското влијание во регионот.
Томас-Гринфилд изјави за Ројтерс дека се надева дека објавата „ќе ја унапреди оваа агенда за да можеме да постигнеме реформи во Советот за безбедност во одреден момент во иднина“, опишувајќи ја како дел од наследството на американскиот претседател Џозеф Бајден.