Државната изборна комисија (ДИК) утре попладне ќе ги врачи уверенијата за новите избрани пратеници.
Овој пат увреренијата, како што соопшти ДИК, ќе има бидат врачени на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места, а не како досега на новоизбраните пратеници.
Се очекува по врачувањето на уверенијата, Собранието да го соопшти датумот на одржување на конститутивната седница.
На предвремените парламентарни избори 2016 мандати освоија коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ, ДПА, Беса и Алијанса на Албанците.