А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Загадувањето е премногу сериозна тема за дневно-политички маркетинг

by А1он27/12/2016 - 14:20156
Share0

Загадувањето на воздухот е тема која е премногу сериозна за дневно-политички маркетинг и крајно е невкусно СДСМ да даваат паушални изјави и предлози за решавање, без никакви докази и показатели за потенцијалните ефекти, реагира ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на соопштението на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Партијата посочува дека на вчерашниот состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион донесени се повеќе заклучоци за долгорочни мерки против загадувањето, како што се можностите да се субвенционира проширувањето на топловодната мрежа и вклучувањето на домаќинствата, како и можноста сите станови во една станбена зграда да бидат приклучени на мрежата за парно греење.

– Ова е важно бидејќи токму СДСМ е партијата која го започна и спроведе процесот на приватизација на скопска Топлификација, со што се нанесоа сериозни штети на интересите на граѓаните на Скопје. Токму приватизацијата на Топлификација е почетокот на масовното исклучување на жителите на Скопје од овој систем и префрлање на други форми на загревање на нивните домови, многу од нив кои се многу нееколошки и директно виновни за високата загаденост на воздухот, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека досега се превземени повеќе активности, како што се прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат,  посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, бесплатен автобуски превоз за некои категории на граѓани, набавка на повеќе од 300 нови автобуси со ЕУРО 4 и ЕУРО 5 мотори, електричен автомобил, електроскутери и електровелосипеди, доделени се 196 субвенции за купување печки на пелети….

Следете a1on на Youtube YouTube

– Покрај овие мерки, кои ќе се спроведуваат и во наредната година, Владата на РМ ќе набави 50 нови електични автобуси, каде цената на еден ваков автобус се движи од 300.000 до 500.000 евра и нивната набавка ќе чини од 15 до 25 милиони евра евра. Средства за овие автобуси би биле делумно покриени од буџетот на Град Скопје, а делумно од буџетот на Република Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео