А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) ДОМ бара Владата да прогласи вонредна состојба

by А1он27/12/2016 - 12:2627/12/2016 - 12:36213
Share0

Демократската обнова на Македонија преглага Владата да прогласи вонредна состојба поради екстремното загадување. Според портпаролката на партијата, Маја Морачанин, Владата во заминување требаше да покаже доблест и уште на почетокот на зимата да го свика меѓусекторското тело составено од служби на Град Скопје, Министерството за животна средина и сите надлежни инспекторати и институции задолжени за животна средина формирано во 2011 година, кое на експресен начин може да ги утврди состојбите.

Добивај вести на вибер

– Тоа е последна можност граѓаните да ја запомнат владата во заминување барем по нешто полезно за нивното здравје, зошто податоците за 1200 смртни случаи и финансиски загуби од 250 милиони евра годишно како резултат на загадениот воздух се поразителни, рече Морачанин и повика на масовност на утрешниот протест против аерозагадувањето.

Од партијата велат дека во изминатите години јавно предлагале краткорочни и долгорочни мерки за справување со загадувањето, кои иако влегле во законска регулатива и во програмските документи на институциите, недостасувала волја за нивно доследно спроведување.

– Затоа сега, во услови на 20 пати повисока од дозволената концентрација на ПМ 10 честичките, ДОМ инсистира на следните мерки: Воведување пар-непар по примерот на Париз и Сараево, бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови каде што го нема, воведување евтина дневна тарифа за струја на домаќинствата, затворање на градилиштата, зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот, забрана за движење на возила под еуро 4 стандард во градскиот сообраќај, субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива во домаќинствата, редовно миење на улиците со калциум магнезиум ацетат, строга контрола на индустриските објекти, особено ноќе и за време на викенд и редовно собирање на отпадот, рече Морачанин.

domzagaduvanje

Би можело да ве интересира

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:29

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ19/09/2025 - 16:4019/09/2025 - 16:49

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:40

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Горан Наумовски17/09/2025 - 19:07

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Предраг Петровиќ13/09/2025 - 20:21

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

Горан Наумовски26/08/2025 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен