Тарт со сардини

Од:

Пита со сос од домати и риба …

Подготовка:
за тестото:
240 гр брашно
120 гр ладен путер
1 лажиче сол
60 гр пармезан, изрендан
60 мл ладна вода

за сосот:
1 голема конзерва домати пелати
1 голема главица кромид
2 чешниња лук
оригано
сол, бибер
околу 250 гр сардини

Подготовка:
– Исчистете ги сардините од главите и внатрешноста. Измијте ги и оставете ги да се исцедат.

– Замесете тесто од состојките за тресто. Замотајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер околу 1 час.

– За тоа време направете го сосот. Исецкајте го кромидот и пропржете го на малку маслиново масло. Додадете ги сецканите пелати и целата течност од конзервата. Посолете по вкус и варете го сосот на тивко додека да се згусне. Посипете со бибер и оригано, измешајте и оставете да се излади.

– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го со облик на калапот каде ќе го печете тартот.

– Ставете го во калапот, премачкајте го со сосот и одозгора наредете ги сардините.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска