(ВИДЕО) Трајановски за загадувањето: Не е до нас, за Топлификација и Панорамското тркало надлежна е Владата

Од:

Градоначалникот Коце Трајановски смета дека приватизирањето на Топлификација е голема грешка и создава проблем во справувањето со загадениот воздух поради оневозможување на Град Скопје да учествува во субвенционирање на вредноста и проширување на топлификациона мрежа.

Приватизирањето на Топлификација се случи во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, поконкретно, Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија, Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, енергетската дејност дистрибуција на топлина започнува да ја извршува на 31.12.2012 година, по добивање на Лиценцата.

– Знаете дека Топлификација беше под надлежност на град Скопје, за жал Топлификација град Скопје нема, Топлификацијата беше приватизирана. Сите поголеми градови имаат сопствена Топлификација и како градови можат да учествуваат во субвенционирање на вредноста и можат да учествуваат во проширувањето на таа мрежа. Мислам дека беше голема грешка што Топлификација се зема од град Скопје и се продаде, рече Трајановски.

Во поглед на мерката за возилата пар-непар која веќе се применува во некои од поголемите градови во регионот, градоначалникот Трајановски изјави дека оваа мерка не ја прави град Скопје туку Министерството за животна средина, Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи.

Според Трајановски, Владата треба да донесе мерки со кои што ќе се направи граѓаните повеќе да купуваат велосипеди на електричен погон како би се намалило користењето на возилата.

На новинарското прашање упатено кон Трајановски да го искоментира покренувањето на петиција на социјалните мрежи за стопирање на изградба на проектот „Панорамско тркало“ а средствата да бидат пренаменети за справување со загадениот воздух, градоначалникот одговори дека тоа не е нивна надлежност туку надлежност на централната власт која и го финансира проектот.

Според студијата која е направена од софискиот институт за метереологија, австриската агенција за животна средина, градот Скопје и министерството за животна средина најголем загадувач се домаќинствата со 32 отсто, потоа сообраќајот со 20 отсто, уличната прашина и прашината од градежни актиновсти 19 отсто, индустријата 18 отсто.
Трајановски напомена дека состанокот е се уште во фаза на преговори и дека сигурно ќе се донесат конкретни мерки како и предлог препораки до институциите што е нивна надлежност.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето