За оваа година Белгија обезбедила над 1.000 хуманитарни визи за кандидати за азил, јави БТА.
Според локални медиуми во 2014 година бројот на издадените такви документи бил околу 100 и сега таа бројка е зголемена за десет пати. Во споредба со лани, регистрирано е зголемување од 25 отсто.
Хуманитарните визи им обебзедуваат на мигрантите по законски пат да дојдат во Белгија за да бидат кандидати за статус под заштита.
Во оваа година најголем дел од таквите документи ги добиле Сиријци (64 отсто). Белгија издава претежно визи за краток престој (725 лани) и само 124 мигранти добиле право да останат во државата на долг рок. Според медиумите, 87 отсто од молбите за краткорочни визи и 29 отсто од барањата за долг период биле одобрени.