Реализирани 25 проценти од ИПА проект за рехабилитација на канализациската мрежа во Куманово

Од:

Непречено се одвива ИПА проектот за рехабилитација и реконструкција на канализационата мрежа во Куманово, соопштија денеска надлежните од ЈП „Водовод“.

Досега, според проценките на фирмата подизведувач „Жикол“ од Струмица, а кои ги презентираше директорот на „Водовод“ Горан Стојковски, завршени се околу 25 проценти од ИПА проектот. Во овој период, екипите на фирмата подизведувач работат на улиците во централното градско подрачје, „Перо Чичо“, „Кирил и Методиј“, „Среќко Пужаљка“, „Прва Петолетка“, во населбите „Тоде Мендол“ и „Гладно Поле“.

Во рамките на проектот, завршен е колекторот во Речица и се работи на внатрешна канализација во самото село.

– Интензитетот на работи ќе се зголеми во наредниот период, особено во централното градско подрачје, така што до крајот на 2017-та се очекува овој проект кој има круцијална важност за општина Куманово, да биде завршен, изјави Стојковски.

Согласно тендерската документација и начинот на користење на средства од ИПА фондови, објасни Стојковски, првин треба да се изгради или рехабилитира канализацијата, да се изврши проверка дали функционира, да се сними со камера и дури откога ќе биде утврдено дека е се комплетно остварено, тогаш може да се почне со асфалтирање, односно со враќање во првобитна состојба на улиците каде што се спроведува проектот.
– Ова се прави со цел да не биде изградена канализација, за да има некаде некоја пречка, за да мора повторно да се раскопува.Се работи согласно стандардите и нормативите кои што постојат во вакви случаи, односно кога се работи со пари од ЕУ, бидејќи таму буквално за секој денар мора да се даваат извештаи и ова е начинот на работа. На овој начин се работи и во општина Прилеп и во Берово како и во Куманово, тоа се трите општини кои што се опфатени со проектот, изјави Стојковски.

Проектот е вреден 4,3милиони евра и со него е предвидено да се решаваат проблемите со собирањето и одведувањето на урбаните отпадни води во општина Куманово.Со овој проект се очекува да се рехабилитираат околу 25 километри од постоечката канализациона мрежа во Куманово,со што ќе се реши проблемот со одведување на отпадните води,ќе се намали ризикот од поплави и штети.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување