Загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопскиот регион е тема на состанокот што денеска ќе се одржи во Градот Скопје.
Состанокот го организира градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и на него се поканети сите градоначалници од Скопскиот плански регион.
Мерките Трајановски ги бара после речиси два месеца непрекинато загадување и протестот на граѓаните пред канцелариите на Град Скопје.