ДИК е подготвена за прегласувањето во Теарце, избирачкото ливче е исто

Од:

Утре во Теарце ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ по одлуката на Управниот суд да го поништи гласањето на ова избирачко место.

Државната изборна комисија едногласно донесе одлука за прегласување бидејќи симулацијата направена од ИТ-секторот покажала дека прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите.

Според ДИК, Теарце е подготвено за гласање, а акредитирани се набљудувачи на невладините организации на МОСТ и ЦИВИЛ.

Иако ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во прегласувањето уште пред да се донесе одлуката на Судот, ДИК вели дека избирачкото ливче останува исто со сите 11 кандидатски листи.

Причината за поништување на гласањето беше жалбата на СДСМ дека од кочанот со избирачки ливчиња недостига едно ливче, а исто потоа беше пронајдено во избирачката кутија. Од избирачкиот материјал недостига и образецот број 15. Во Теарце се впишани 714 гласачи од коишто на 11 декември излегоа 404.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања