Заев: Убеден сум во победа во Теарце

Од:

СДСМ доцна вечерва во спортската сала од основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце го одржа последниот митинг пред предизборниот молк и повтореното гласање на едно избирачко место во недела во Теарце. На присутните им се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Јас сум убеден во убава победа во Теарце и зборувам за тоа по цела Македонија и ќе зборувам за тоа по цела Македонија. Дојден сум овде да побарам подршка но и да си го дадам зборот. Да знаете дека со оваа подршка што ја дадовте и во првото гласање и сега што ќе ја дадете имам намера да вратам, да вратам затоа што имам намера да работам во ваше име и за ваши права, рече Заев.

Тој посочи дека очекува победа на повторените избори во Теарце.

– Вака победнички настроен, убеден дека ќе ја формираме владата дојдов да побарам подршка оти ни е важна, оти на вас ви е важна а за тоа и мене ми е важна. Некои велат дека 304 гласа треба да имаме повеќе од нив. Тоа не е недостижно и знаеме дека можеме да го постигнеме и тоа. Но јас ќе ви се поклонам и со победа затоа што владата ние ќе ја формираме, а Теарце ќе биде гордо ако победи. Ајде заедно да победиме за цела Македонија. Оваа историска чест ми е драго што се падна во мултиетничка средина за да остави печат на времето кога се здружила Македонија, да памтат и деца и внуци, на никој да не му текне повеќе да ни ја дели татковината на било кој основ затоа што решивме, а Теарце ќе го стави печатот единствено и сплотени ќе одиме напред, истакна Заев.

На митингот се обратија и носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата предводена од СДСМ во шестата изборна единица Петре Шилегов и кандидатката за пратеничка во шестата изборна единица Ѓулумсер Касапи.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев