Оваа комбинација од Нутела и кикирики има дава единствен вкус …
Потребно е:
250 гр брашно
200 гр путер од кикирики
12 лажици чоколаден крем (Нутела)
180 мл млеко
60 мл јогурт
150 гр шеќер
1 лажиче прашок за пециво
1 лажиче сода бикарбона
2 јајца
Подготовка:
– Брашното измешајте го со прашокот за пециво и сода бикарбоната.
– Јајцата изматете ги со путерот од кикирики, јогуртот и млекото. На крај додадете го брашното и убаво изматете.
– Калапот за мафини убаво намастете го со масло. Во секоја отвор сипете од смесата, но не ги преполнувајте. Потоа во секој отвор ставете по една лажица од чоколадниот крем.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.