Либиски патнички авион со 118 патници денеска беше киднапиран, по што киднаперите ги принидуле пилотите да го приземјат леталото на Малта, јави ДПА.
Авионот „Ербас А320“ на авиокомпанијата „Африка ервејс“ сообраќал на внатрешен лет во Либија на реалција Себха-Триполи.
Премиерот на Малта, Џозеф Мускат на Твитер објави дека бил „информан за ситуацијата со киднапирање на авионот, кој извршувал внатрешен лет во Либија“.
– Во тек е операција за справување со оваа вонредна ситуација, одаде Мускат.