Колачиња со ореви и мед

Од:

И уште едни вкусни колачиња …

Потребно е:
250 гр брашно
150 гр путер
25 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
1 јајце
80 гр мелени ореви
50 гр мед

Подготовка:
– Во еден сад соединете ги сите состојки. Смесата убаво измесете ја со раце. Садот покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер 60-тина минути.

– Тестото поделете го на 4 еднакви делови. Секој дел обликувајте го како ролат и сечете помали парчиња. Потоа секое парче со раце обликувајте го како полумесечинка.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути.

– Уште врелите колачиња увалкајте ги во шеќер и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска