Во Куманово засега нема да се обележува хоризонталната сигнализација

Од:

Хоризонталната сигнализација во Куманово засега нема да се обележува бидејќи до крајот на овој месец истекува рокот во кој фирмата избрана на тендер треба да достави информација до „Водовод“ дали можат да достават бои и репроматеријали по истата цена како и претходно.

– Откако увидовме дека поставената сигнализација почнува да бледее, веднаш реагиравме до фирмата. Ги повикавме да дојдат на лице место и да видат за што се работи. Ни кажаа дека ќе направат анализа на бојата и оти ќе бидеме известени во рок од еден месец затоа што лабораторијата во тој временски рок може да им даде извештај за што се работи. По добиениот извештај побараа рок од уште еден месец за да видат дали ќе можат да достават понуда по цени коишто се договарани затоа што се покажа дека овој тип на боја којашто ни го доставија, не одговара на сите прописи за обележување, изјави директорот на „Водовод“ Горан Стојковски.

Тој се надева дека до крајот на декември ќе добијат одговор, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе распишат нов тендер.

Стојковски посочи дека согласно процедурите стапиле во контакт и со второрангираната фирма на тендерот од каде биле известени дека не можат да понудат материјал по истата цена, како и во јуни.

ЈП „Водовод“ го спроведува обележувањето согласно програмата на општина Куманово за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он