Месец на културата во Ресен

Од:

Театарски претстави, концерти, изложби, поезија и музика се дел од содржините што жителите на Преспа можеа да ги видат овој месец во Ресен во рамките на „Месецот на културата“ што се одржува во организација на Домот на културата „Драги Тозија“.

Во културната понуда, според директорот на Домот на културата Васко Василевски, не се запоставени ниту најмладите, за кои детскиот театар „Бабец“ ќе ја изведе претставата „Пријателство“.

– Во наредниот период ресенчани ќе може да уживаат во староградската музика преку настапот на групата „Лихнид“ од Охрид, ги очекува и изложба, како и поетска интерактивна средба со писателот Радован П. Цветковски, годинава награден за животно дело од Општина Демир Хисар, истакна Василевски, додавајќи дека и пред ноговодишните празнувања жителите на Преспа ги очекуваат голем број изненадувања.

Во „Месецот на културата“, појаси тој, љубителите на театарската уметност имале можност да ја погледнат театарската претстава „Импровокација“ со актерите Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски. Концерт одржа и групата „Персиди“ и нивните пријатели, а во холот на Сарајот се одржа и поетско-музичка вечер, насловена „Вечер на Македонска поезија и музика“ со актерот Петар Горко и новинарката Емилија Сарафска.

– Горко и Сарафска читаа поезија од познати македонски поети и писатели, како и дел од македонски песни од забавната и народната музика, преку рецитација и песна, во пијано придружба на ГоцеМилошевски. Публиката беше воодушевена од овој настан и со огромен аплауз ги испрати изведувачите. Имавме и прекрасен концерт на триото „Интерарт“ од Битола, на задоволство на публиката во Ресенскиот Сарај, која концертот го оцени како редок и една од најдобрите класични музички понуди кои биле дел од ресенската музичка сцена, рече Василевски.

„Месецот на културата“ во Ресенн е во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, под покровителство на градоначалникот на Општина Ресен, Ѓоко Стрезовски, а со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски

Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка

А1он

Приведен крадец од Ресен, одреден му е притвор

А1он