Медитерански леб со пиво (посно)

Од:

Вкусен леб со маслинки и пиво …

Потребно е:
600 гр бело пченично прашно
400 гр пченкарно брашно
1 лажиче сол
300 мл пиво
250 гр посен маргарин
1,5 кесичка прашок за пециво
малку оригано
100 гр сецкани маслинки

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги брашната со солта и прашокот за пециво. Потоа додадете ги пивото и омекнатиот маргарин. Замесете тесто.

– Тестото ставете го на набрашнета работна површина, со раце истенчете го и посипете со оригано и сецкани маслинки.

– Повторно измесете го и обликувајте го во форма на леб. Со нож направете неколку засеци на површината.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 45 минути.

– Во текот на печењето лебот од време на време прскајте го со пиво.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска