Интересен начин на подготовка на риба, вкусно и сочно …
Потребно е:
800 гр филети ослич
3 жолчки
400 мл неутрална павлака
1/2 лажиче лук во прав
1 лажиче сецкан свеж магдонос
1 лажиче босилек
1 лимон
мелен сув зачин
за похување:
3 јајца
200 гр брашно
300 мл масло
Подготовка:
– Филетите ослич иззмијте ги и убаво исушете ги. испрскајте ги со сок од лимон и истријте ги со зачини по избор.
– Увалкајте ги во брашно, потоа во изматени јајца и испржете ги на врело масло од двете страни, додека да поруменат.
– Посебно изматете ја павлаката со жолчките, магдоносот, босилекот, лукот и други зачини по вкус.
– Похуваните филети ослич наредете ги во намастена огноотпорна тава. Прелијте ги со смесата со павлака.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да поруменат.