Кина им го врати подводниот истражувачки дрон на САД

Од:

Кина им го врати на САД подводниот истражувачки дрон, кој го конфискуваше во Јужното Кинеско Море минатата недела, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Со тоа се стави крај на инцидентот, кој доведе до затегнување на односите меѓу Пекинг и Вашингтон.

Министерството појасни дека враќањето на дронот се случило по пријателските консултации меѓу претставници на Кина и САД.

Американски претставник вчера изјави дека дронот веројатно ќе биде предаден на екипажот на американски воен брод во околината на островчето Скарбороу, покрај Филипините. Таму се наоѓа америански миноносец.

Според Вашингтон дронот се користи за океанографски мерења, како анализи на соленоста и температурата на водата. Тој беше конфискуван  од Кина во четвртокот на 50 морски милји од Филипините.

Доналд Трамп реагираше на инцидентот со твит, во кој ја обвини Кина за кражба.

Пекинг го демантираше тоа и појасни дека ја пронашол подводната сонда и ја конфискувал за да ја истражи, по што планирал да ја врати на сопственикот.

Би можело да ве интересира

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ