Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изрази шокираност од нападот во Берлин во кој вечерва загинаа девет луѓе а над 50 се повредени.
– Длабоко сум шокиран од ужасните вести од инцидентот во близина на црквата Кајзер Вилхелм, изјавил Штајнмаер, се вели во соопштението на германското министерство за надворшени работи, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
– Изразувам длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите и повредените за кои се надевам дека брзо ќе се опорават“, се вели во изјавата на Штајнмаер според кого германските власти се уште немаат целосна слика за инцидентот а безбедносните агенции работат на целосно разјаснување на случајот и наоѓање на напаѓачите.