Засега не е јасно како камионот излетал од пат и експлодирал на пазарот во германскиот главен град, при што најмалку 9 лица загинаа, а околу 50 се повредени.
Засега не е јасно како камионот излетал од пат и експлодирал на пазарот во германскиот главен град, јавуваат германски медиуми. Инцидентот се случил на позната авенија во западниот дел од градот. Германската полиција според првичните резултати од истрагата, смета дека станува збор за терористички напад.
Камионот со кој е извршен нападот е со полски регистерски таблички, а возачот е во бегство. Според очевидци, камионот дошол од страна каде немало пат, со очигледна намера да влета во толпата. Луѓето тврдат дека возачот и камионот не покажувале знаци дека возилото влегло по грешка во просторот, ниту дека постоела намера да запре.