Ахмети на работна средба со американскиот амбасадор Бејли

Од:

Изборниот процес и ситуацијата создадена по изборите, беше тема на разговор на денешната работна средба меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и американскиот амбасадор Џес Бејли во Резиденцијата на американскиот амбасадор во Скопје.

Лидерот на ДУИ Ахмети, информираат од партијата, зборуваше за ставовите на ДУИ во однос на придонесот за стабилност и безбедност во земјата и сигурност на граѓаните.

– Ахмети ја истакна важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазична и економска еднаквост, реформи и владеење на правото како и евроатлантската интеграција, соопшти ДУИ.

Тој нагласил дека сите достигнувања во изминатите 15 години во земјата се реализирани во соработка со меѓународната заедница, вклучувајќи и разрешувањето на кризата.

– Затоа ова стратешко партнерство на ДУИ со американските сојузници ќе продолжи во духот на исполнување на заедничките интереси, полноправно членство во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од ДУИ и се додава дека на средбата Ахмети зборувал и за „одредени групи кои сакаат несигурност, геополитичка нестабилност и непредвидливост на земјата“. Нагласил дека ДУИ е посветена на одржување на стабилноста и стратешката определба на земјата за партнерство со Брисел и Вашингтон.

Соговорниците се согласиле да го продолжат дијалогот во наредните денови.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ