Дебата за постизборните предизвици на Македонија

Од:

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде одржана тркалезна маса на тема „Постизборни предизвици за евроатлантските интеграции на Македонија“.

Дебатата ја организираат Институтот за геостратешки истражувања и наворешна политика при МНР и Центарот за стратегиски истражувања во МАНУ.

Тркалезната маса се организира во соработка со научното тело Иницијатива за истражување на глобалните стратешки прашања (ГСИРИ), кое e воспоставено од заедничката соработка меѓу двете институции со цел да ги истражува  глобалните стратешки прашања со кои се соочуваат Република Македонија и светот, соопшти македонското МНР.

На тркалезната маса ќе учествуваат вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, академик Владо Камбовски, претседател на Центарот за стратегиски истражувања-МАНУ и ГСИРИ, Абдулкадар Мемеди, директор на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика-МНР и потпретседател на ГСИРИ, членовите на ГСИРИ, како и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и НАТО акредитирани во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски