МЗТ Скопје Аеродром домаќин на шампионот Црвена Звезда

Од:

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево го пречекува шампионот на ова натпреварување и евролигаш Црвена Звезда. Ова е дуел од 14.коло од АБА лигата, а на првиот натпревар на овие два тима сезонава Црвена Звезда во рамките на 1.коло во Белград победи со 91:69.

МЗТ Скопје и на овој дуел ќе настапи без Ксавиер Темс, кој се нема вратено од САД. Црвена Звезда е единствениот тим без пораз во досегашниот дел од шампионатот. Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ почеток 17 часот.

Утре свој настап ќе има и вториот македонски претставник Карпош Соколи е домаќин на Крка, а почетокот на дуелот е во 12 часот и се игра во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“. На првиот дуел од оваа рунда одигра вчера: ФМП – Задар 94:77.

Во ова коло утре играат уште: Партизан – Морнар, Олимпија – Мега, Будуќност – Цедевита и Цибона – Мега.

Табела: Црвена Звезда 13-0 (победи-порази), Партизан 10-3, Будуќност 10-3, Цедевита 9-4, Цибона 9-4, Игокеа 7-6, Задар 5-9, Олимпија 5-8, ФМП 4-10, Крка 5-8, Морна 4-9, Мега 4-9, МЗТ Скопје 4-9, Карпош Соколи 3-10.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он