Ермира Мехмети: ДУИ е морален губитник на изборите

Од:

Членката на претседателството на ДУИ, Ермира Мехмети, вели дека независно од победата во бројки, ДУИ е морален губитник на изборите. Според неа, партијата била казнета од Албанците поради истрошената програма и луѓе, но и поради тоа што не се противела на политиките на ВМРО. Според неа, ДУИ треба да се реформира и засега да остане во опозиција.

– Јас мислам дека ДУИ кон оваа криза треба да гледа можност, но не за да влезе во владата, туку можност да сфати што се случи на 11 декември и можност да се врати кон самата себе. Во ова смисла колку е подолга политичката криза произлезена од изборниот резултат, толку подобро за ДУИ да се сврти кон самата себе, да се посвети на сериозна внатрешна реформа, квалитетна реформа, не само смена на старите со нови лица, туку и градење платформа. Меѓу другото, граѓаните во неделата ДУИ ја казнија и поради истрошена платформа. Ние имавме истрошени лица, истрошена програма и истрошени проекти, изјавува Мехмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански