ДИК утре ќе го разгледува последниот приговор на СДСМ

Од:

Државната изборна комисија, како што најави претседателот Александар Чичаковски, утре во 11 часот ќе ја продолжи седницата на која треба да биде разгледан и да се одлучува за последниот приговор на Коалицијата предводена од СДСМ.

Според најавите од ДИК, се очекува вечерва правната служба да ги изготви решенијата за досега донесените одлуки за 13-те приговори за кои одлучуваше Комисијата, и тоа осум од движењето БЕСА и пет на Коалицијата предводена од СДСМ.

Исто така се очекува овие решенија по изготвувањата да им бидат доставени на БЕСА и на СДСМ, но и на сите учесници на изборите во ИЕ 6, каде е поништено гласањето на едно избирачко место. Откако ќе им бидат доставени решенијата на партиите започнува да тече 24-часовниот рок за тужби до Управниот суд, кој пак има рок од 48 часа за одлучување по тужбите.

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) претходно вечерва едногласно отфрлија уште еден приговор за сумирање на резултатите од гласањето на 11 декември за предвремените парламентарни избори на Коалицијата предводена од СДСМ.

Отфрлен е приговорот за избирачкото место 2016 во Теарце, откако по увидот во целокупниот избирачки материјал во ова избирачко место беше констатирано дека тој во целост се совпаѓа со она што е утврдено од избирачкиот одбор. При разгледувањето на овој приговор, по барање на ДИК денеска на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од ова избирачко место со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Седницата беше прекината поради тоа што во салата каде што се расправа се слушаа звуци од испукани петарди. Пред зградата каде што се наоѓа седиштето на Комисијата, и денеска се собрани граѓани кои протестираат за, како што посочуваат, да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи.

ДИК попладнево во рамки на седницата за разгледување на приговорите по расправата по поднесокот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 2016 во Теарце, со мнозинство гласови одлучи да се пристапи кон увид во целокупниот избирачки материјал за ова избирачко место.

При разгледувањето на овој приговор, по барање на ДИК денеска на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од ова избирачко место со цел да го потврдат избирачкиот записник.

Претходно со шест гласа „за“ и три против, Комисијата го усвои приговорот од движењето Беса, кој се однесува на постапката на гласање за избирачко место 0396/1 во Гостивар, за кој беше побарано графолошко вештачење на потписот на еден гласач за кој се утврдило дека има обид за гласање по вторпат.

Одлуката е донесена откако до ДИК денеска беше приложен извештај од графологот, според кој утврдено е дека некој друг гласал во име на посочениот гласач и се потпишал во изводот од Избирачкиот список.

Со прифаќањето на приговорот се поништува гласањето во ова избирачко место, а ќе се повтори само и доколку вкупниот број на гласачи кои гласаа на тоа избирачко место влијаат на вкупните резултати во изборната единица 6.

СДСМ денеска повлече два од приговорите бидејќи биле ненавремено поднесени.

Досега, ДИК отфрли пет приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и седум од Движењето Беса. На денешната седницата ДИК го одби приговорот од Коалицијата предводена од СДСМ за гласањето во избирачкото место 1978 во Тетово. До ДИК беа поднесени вкупно 16 приговори, осум од СДСМ и осум од Движењето Беса.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино