(ВИДЕО) Додевски: Фрапиран сум од тоа колку незаконски докази беа предложени од СЈО

Од:

Лично сум фрапиран и изненаден од тоа колку незаконски докази беа предложени од страна на СЈО. Дури мислам дека не е можно да не се знае дека такви докази неможе да се предлагаат во процедуарта без законска основа, резултат на тоа беше наше побивање на тие докази и донесување на одлука од страна на судот дека тие докази не се дозволени во постапката, рече бранителот на Никола Груевски и другите обвинети во случајот, Никола Додевски.

Тој истакна дека понатаму во процесот следува процедурата согласно законот закажување на главното рочиште каде доказите кои што се дозволени од страна на судот ќе бидат предмет на анализа, побивање и утврдување на фактите.

Обвинителката Фетаи покрај незаконските снимки, како дополнителен доказ во овој случај предложи и загрозен сведок. На ова, адвокатот Додевски изјави дека согласно законот за заштита на сведоци загрозениот сведок ќе сведочи само доколку се работи за најтежок облик на кривично дело или доколку не постојат други докази. Исто така тој посочи дека нема пресуда која може да се заснова само на загрозен сведок.

Додевски додаде дека одбраната има повеќе докази кои ќе покажат дека се работи за неосновано и конструирано обвинение.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски