В понеделник ќе се знае дали Кристин Лагард е виновна во „аферата Тапи“

Од:

Францускиот Суд на правдата на Републиката в понеделник ќе и ја изрече пресудата на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (МИА), Кристин Лагард во врска обвинението против неа  за „небрежност“ во скандалот со арбитражата во „аферата Тапи“, јави дописникот на МИА од Париз.

Во последното обраќање до судот, Лагард, која е поранешна француска министрека за економија, со многу емоции го отфрли обвинението.

– Јас одлучив и ја прифаќам одговорноста за моите одлуки, рече Лагард.

Таа тврди дека во 2007 и 2008 година таа никогаш „не била предупредена на никаков начин“ за евентуалните малверзации.

Во 2008 година Арбитражниот суд донесе пресуда во полза на Бернар Тапи во предметот во кој тој ја тужеше банката „Креди Лионе“ поради нејзината продажба на „Адидас“. Судот реши француската држава треба да му исплати на Бернар Тапи отштета од 403 милиони евра .

Тројцата финансиски судии од Париз во септември 2012 година почнаа истрага за „злоупотреба и прикривање на јавни средства“ на штета. Тие извршија бројни претреси во домот на Бернар Тапи и поранешниот шеф на кабинетот на Лагард, Стефан Ришар, како и во адвокатската канцеларија на Морис Лантурн.

Полицијата извршила претрес и во домовите на тројцата арбитражни судии и на Клод Геан, поранешниот генерален секретар на францускиот претседател.

Истражните органи се сомневаат за „професионални врски“ на еден од тријцата арбитражни судии, Пјер Еступ со адвокатот Лантурн, што не го пријавил за време на арбитражата.

Неделникот „Еспрес“ тврди дека Тапи се познавал со поранешниот судија уште од 1998 година. При пртресот во домот на Еступ е пронајдена книга со посвета рачно напишана од Тапи со датум 10 јуни 1998 година. Тогаш Тапи ја фалеше „храброста“ на судијата и му изрази „бесконечна благодарност“.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели