Доколку сте љубителка на патики, тогаш сигурно веќе знаете за „Пума Баскет“ хип-хоп моделот, кои беа ултрапопуларни во 70-те години од минатиот век.
На крајот на годинава, овие обувки се враќаат во ново женско руво и на радост на многумина излегуваат на пазарот за само неколку дена.
Патиките ќе се појават со два типа врвки: сатенски и обични, што ќе бидат подебели од оние на оригиналните модели.
Првично, патиките ќе се продаваат само во црна и бела варијанта, но за напролет се најавуваат и нови модели.